Цветановска дебитираше во кинеската престолнина во трката на 10 километри, а на крајот зад себе имаше само три натпреварувачки со послабо време.
Македонската олимпијка Ана Цветановска го освои 95. место на крос-кантри трката на Олимписките игри во Пекинг.
Цветановска дебитираше во кинеската престолнина во трката на 10 километри, а на крајот зад себе имаше само три натпреварувачки со послабо време.
Нашата претставничка ја заврши трката за 39:57.5 минути, а златниот медал го освои Норвежанката Тереза Јохауг, која претходно триумфираше и на скиатлон трката 7,5 км + 7,5 км која се одржа на 5. февруари.
Победничката ја завршила трката со речиси 12 минути подобро време од нашата претставничка, а среброто и бронзата завршија кај Керту Нисканен и Криста Пармакоски од Финска.
Цветановска не настапи на таа трка поради големиот број пријавени натпреварувачки, со што денешното појавување на патеката ќе и биде единствено на овие Зимски олимписки игри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Орбан од Пекинг оди во Вашингтон: Бара…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан заминува од Пекинг…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…