Цвета Ристовска поднесе неотповиклива оставка од ДКСК
Членката на Државна комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата, упатена до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Оставката е доставена согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Во писменото обраќање до Собрание на Република Северна Македонија, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по неколкунеделни јавни полемики и сомнежи поврзани со нејзината работа во Комисијата.
„По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка“, стои во дописот.
Таа нагласува дека во текот на целата своја професионална кариера, вклучително и ангажманот во Комисијата, работела законито, совесно и со најдобра намера. Ристовска изразува жалење доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, предизвикале неосновани сомнежи во јавноста.
Во оставката посочува дека во сите ситуации каде што постоела можност за потенцијален судир на интереси, барала изземање согласно законските одредби и дека никогаш немала намера да прикрие каква било информација.
„Убедена сум дека секој што извршува јавна функција мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, наведува Ристовска, посакувајќи ѝ на Комисијата успешна и професионална работа во служба на јавниот интерес.
Со поднесувањето на оставката, Собранието треба да ја констатира и да покрене постапка за избор на нов член на Антикорупциската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цвета Ристовска поднесе неотповиклива оставка од ДКСК
Членката на Државна комисија за спречување на…
СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеколото…
СДСМ денеска поднесе официјална пријава до антикорупскицската…
Левица: „ДКСК со Цвета Ристовска наместо да…
Опозициската Левица побараинституциите сериозно да ја разгледаат…
СДСМ: Две објавени бомби чекаат реакција на…
„Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот…
СДСМ: ПОТСЕТНИК ЗА КОРУПЦИЈА до новиот шеф…
СДСМ го потсетува ново избраниот претседател на…