ЦДЦ ПРАВЕЛ ФИНГИРАНИ АНКЕТИ: Скриени несаканите реакции што луѓето ги пријавувале по вакцинирањето против корона

t

Американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) не ги вклучија сериозните несакани реакции, како воспаление на срцето, во анкетите по вакцинирањето, иако агенцијата знаела дека проблемите може да бидат поврзани со вакцините против КОВИД-19, покажуваат документите.

Дури и пред да бидат спроведени истражувањата во декември 2020 година, откако беа одобрени првите вакцини, ЦДЦ знаел дека миокардитисот – форма на воспаление на срцето за кое е потврдено дека е предизвикан од вакцините на Фајзер и Модерна – и други сериозни несакани ефекти се од “посебен интерес“, кога станува збор за вакцините, според новооткриените верзија на протоколот за системот за анкетирање. 

Протоколот од 19 ноември 2020 година за V-safe, систем за истражување (анкети), наведува миокардитис, мозочен удар, смрт и десетина „однапред одредени медицински состојби“. Протоколот го добила Informed Consent Action Network (ICAN), непрофитна организација која бара транспарентност околу здравствените информации. Сите состојби можат да предизвикаат тешки и сериозни симптоми.

V-safe е систем на анкети што беше воведен за време на пандемијата со КОВИД-19 за да се следи безбедноста на вакцините. Тој е развиен и управуван од ЦДЦ.

Ажурираните верзии на протоколот ги наведуваат истите 15 несакани ефекти.

Ниту една од состојбите не беа вклучени во вистинските анкети.

Испитаниците можеле да означат полиња доколку искусиле одредени симптоми, но само 10 проблеми на пониско ниво како треска и гадење биле наведени како опции.

“Сериозно е загрижувачко што ЦДЦ ќе конструира V-safe на начин што не му дозволува едноставна проценка на стапката на штета од штетните случувања кои ЦДЦ веќе ги идентификуваше како потенцијално предизвикани од овие производи“, вели адвокатот Арон Сири, застапник на ICAN.

“Ова доведува во прашањето што ЦДЦ навистина се обидувал да постигне со V-safe. Дали се обидуваше да ја процени реалната езбедност на овие производи? Или се обидуваше да осмисли стем што поверојатно ќе ги потврди претходните јавни изјави за безбедноста на овие производи?“

ЦДЦ засега нема коментар за целиот случај.

ЦДЦ воведе V-safe во декември 2020 година. На Американците им беше кажано да ги користат анкетите, кои се достапни само преку паметни телефони, за да пријават како се чувствуваат по вакцинацијата.

“Преку V-safe, можете брзо да го информирате ЦДЦ доколку имате какви било несакани реакции по вакцинирањето против КОВИД-19“, се наведува на еден од плакатите кои ја промовираат алатката.

Корисниците беа прашувани како се чувствуваат, дали имаат температура, треска и вообичени симптоми. Исто така беа прашани дали се способни за работа или извршување на секојдневните активности, како и дали им е потребна медицинска нега.

Околу 10 милиони лица се пријавиле до 31 јули, 2022 година. 

ЦДЦ ги опиша резултатите од V-safe во повеќе студии, но одби да ги објави необработените податоци,се додека ICAN не покрена судски спор прив него. Податоците објавени до ICAN во октомври 2022 година, покажале дека повеќе од 3,2 милиони луѓе побарале лекарска помош или отсуствувале од работа, училиште или други вообичаени активност по вакцинирањето. ЦДЦ објави некои од V-safe податоците на 1 декември, 2022, неколку месеци по истекот на рокот што сам си го одреди. 

Криење на записите од слободните полиња

Корисниците на V-safe може да пријават сериозни несакани реакции, но само ако ги напишат во слободното поле. 

Прашањето било: “Било кој друг симптом или здравствена состојба што сакате да ја пријавите“.

ЦДЦ се спротивстави на објавување на резултатите од терен, инсистирајќи на тоа дека би било многу тешко да се прегледаат 6,8 милиони внесувања за лични идентификациони податоци (PII), според заедничкиот извештај за статусот поднесен во суд во ноември, 2022 година.

Агенцијата го одби барањето од ICAN да обезбеди случаен примерок од неколку стотици записи, за кои тужителите велат дека ќе го поддржат нивниот аргумент дека записите најверојатно имаат малку или воопшто немаат PII, како што се имиња и адреси.

Записите се важни затоа што ќе покажат колку испитаници пријавиле дека ги доживеале претходно специфицираните несакани реакции како воспаление на срцето. ЦДЦ наместо тоа понуди да ги прегледа сите записи и да ги претвори во медицински кодови, според поднесувањето.

“Очигледно ЦДЦ беше подготвен да го стори тоа бидејќи, иако тоа би одземало повеќе време и би било посложено од едноставниот преглед на PII. Но, овој пристап ќе му овозможи на ЦДЦ да го скрие од јавноста поголемиот дел од она што всушност е напишано во слободните полиња“, наведува ICAN во документот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Лукаревска: И во 2020, ВМРО-ДПМНЕ се фалеше…

„Ги следам рејтинзите, како што ги следат…