Објавено на:

Цела Црна Гора и БиХ, како и делови од Хрватска се во црвена зона поради високите температури

t

Земјите од регионот се уште се под метеоролошки предупредувања за топлотен бран, цела Црна Гора и БиХ се во црвена зона, како и делови од Хрватска, а предвидените температури на места ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени.

Кога станува збор за Хрватска, најтопло утрово беше во Дубровник, 27,5 степени. Хрватските метеоролози прогнозираат дека горештините ќе продолжат и во вториот дел од неделата, особено на Јадранот, додека во внатрешноста почестите врнежи ќе донесат времено освежување, кое особено ќе биде изразено во петок.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Република Српска издаде предупредување поради продолжување на топлотниот бран на целото подрачје на Српска. Температурата на воздухот денеска ќе се движи до 42 Целзиусови степени.

Црвеното предупредување е и на територијата на целата Федерација Босна и Херцеговина, а температурите во Мостарскиот регион ќе достигнат околу 42 Целзиусови степени, во Вишеградската максимална температура на воздухот ќе се движи меѓу 37 и 42 степени, а на планините околу 30 степени.

Се повикуваат граѓаните да преземат мерки на претпазливост во најтоплиот дел од денот и да не се трудат. Посебно предупредување се однесува на постарите лица и лицата со нарушено здравје и децата. Не е исклучена појава на невреме во планинските предели. Апел до граѓаните поради високите температури упати и Заводот за итна медицинска помош, кој, велат, секојдневно води евиденција за бројот на пациенти на кои им е потребна помош, пренесува Танјуг.

Во цела Црна Гора е прогласен црвен аларм поради многу топол бран, со тоа што попладне локално може да се очекува облачност. Максималната температура се прогнозира од 36 до 43 степени, а УВ индексот ќе биде висок – 10.

Многу топло време со температури околу и над 41 степен денеска ќе има и на територијата на Македонија, а исто време се предвидува и за наредните денови. Поради топлотниот бран што ја зафати РМ, Владата одлучи бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работни обврски до четврток. На работодавачите им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегнат градежните и другите физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата надвор во тој период од денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!

Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…