Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце треба да заврши во октомври
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска информира дека целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава. Појаснува дека комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена.
Сепак како што тврди, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили.
По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот. Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили. Работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести, објави Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шлепер се преврте утрово на патот Скопје…
Шлепер се превртел утрово на патот Скопје…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…
Министерството за правда соопшти дека ќе се…
Времен сообраќаен режим во тунелот на патот…
АМСМ денеска информира дека од понеделник (11…
(Видео) Арсовска: Реконструирана улицата Даме Груев во…
Град Скопје ја реконструираше улицата „Даме Груев“…