Цел свет врска нема од историја – Бугарски историчари: Фашизмот никогаш не бил на власт во Бугарија!

t

Фашизмот никогаш не бил на власт во Бугарија, а фашистичките организации не учествувале во водењето на државата во целиот период од 20-тите години до 1944 година, тврдат бугарски историчари во ставот што го објави агенцијата БГНЕС.

Под текстот се потпишани повеќе историчари меѓу кои и Ангел Димитров и Наум Кајчев од бугарскиот тим во заедничката историска комисија со Македонија.

Според историчарите, во Бугарија не се се формира фашистичка партија која би можела да претендира за политичка власт, а режимот по 1934 година не бил воден од фашистичка партија, немал фашистички, а освен тоа бил во конфликт со фашистичките организации.

„Режимот немал фашистичка идеологија. Колку и да е чудно, тој воопшто немал систематизирана идеологија. Власта во државата од 1934 до 1944 година било авторитарно, но не и фашистичко. Во целиот период од десет години на своето постоење политичкиот режим останал непартиски“, тврдат бугарските историчари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…