Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот

t

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ.

Според одлуката, цената на евродизелот ќе изнесува 85.50 денари што е зголемување за 14,50 денари.

Процентуално, тоа значи дека цената на дизелот ќе се зголеми за 20% бидејќи денес (09 март) таа изнесува 71 денар за литар.

Сето ова е последица на војната во Иран и Блискиот исток како и затворањето на Ормутскиот теснец што придонесе за намалување на извозот а некаде и целосно затворање на нафтените капацитети во како што е во ОАЕ, Кувајт, Катар, Ирак, Бахраин…

Оттаму, цената на суровата нафта го достигна четиригодишниот максимум па зголемување на цените на горивата има во многу европски држави

Како е во Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово?
Освен во нашата држава раст на горивата има и во соседните земји, но колку тие се зголемени споредени со нашето зголемување?

Растот од 14,5 денари пресметано во евра значи раст од 23,5 евроценти, односно за толку од полноќ ќе биде поскап во Македонија.

Тоа е поголемо поскапување споредено со земјите во опкружувањето.

Во Хрватска дизелот се зголеми за 24 центи (14,3 денари), но со интервенција на државата во акцизата, граѓаните во Хрватска ќе платат само седум евроценти (4,3 денари) повеќе за литар дизел.

Во Црна Гора цената на дизелот се зголемува за 16 евроценти (9,8 денари), додека во соседно Косово од денес е зголемена за осум евроценти или 4,9 денари.

Србија, веќе претходно донесе одлука за цените на горивата, каде цената на литар дизел е зголемена за симболично три динари односно само 2,5 евроценти или 1,5 денари.

Гледано со оваа споредба, иако во сите останати земји горивото е поскапо отколку во Македонија, сепак нашата држава го бележи и најголемото зголемување на цената во период кога цените на нафтата продолжува да растат на берзите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на дизелот во Македонија со најголем…

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти…

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не…

Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита…

Докторот кој констатирал природна смрт кај 35-годишната…

Обвинителството го повика на распит лекарот кој…

Филипче излезе со мерки: Намалување на ДДВ…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на…

Трошоците за живот за еден месец се…

Државниот завод за статистика објави и дека…