Цената на златото достигнува историски максимум

t

Цената на златото скокна за 10,94% оваа година, поттикната од геополитичката нестабилност, вклучувајќи ја војната во Украина и зголемената инфлација. Цената на златото ја поддржаа и светските централни банки на земји како Индија, Турција, Кина и Русија, кои купија рекордни количини злато.

Калифорниската Silicon Valley Bank и Signature Bank во Њујорк банкротираа во март. Потоа на ред дојде европската банка Credit Suisse, која беше блиску до колапс, но беше спасена од банката UBS. По тие настани во март, загриженоста за продолжување на кризата беше намалена. Сепак, стравувањата од натамошна банкарска криза повторно се разгореа минатата недела по веста дека банката First Republic поднесе барање за стечај и дека треба да биде преземена од JP Morgan, како и дека неколку други банки се изложени на ризик од банкрот. Регионалната банка PacWest Bancorp изгуби 70% од својата вредност во последните 5 работни дена.

Пазарите беа потресени од загриженоста за оваа „повторна разбудена“ финансиска криза во банкарскиот сектор и како резултат на префрлањето на средствата на инвеститорите во злато.

Повеќето трговци се согласуваат дека банкарската криза е фактор што ги турка цените на златото кон рекордно високо ниво, а кризата се чини дека е далеку од завршена во овој момент. Ситигруп очекува цената на златото да достигне 2.300 долари во наредните месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на златото на историски максиумум и…

Цената на златото достигна највисоко ниво во…

Последни пресметки за цената на парното греење,…

Компаниите кои се надлежни за парното греење…

Цената на златото достигна ново рекордно високо…

Светската цена на златото повторно порасна на…

Се намалува цената на мазутот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Рекордна цена на златото

Златото на крајот на неделата достигна 2.417…