Цената на златото и понатаму расте, благ пад на цената на нафтата
Во најголем пад денеска се европските и американските берзански индекси, како и цената на нафтата, додека цените на златото го продолжија вчерашниот раст.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот падна на 18.398,15 поени, лондонски FTSE 100 на 7.913,20 поени, францускиот CAC 40 на 8.180,11 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.292,0 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дон Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 39.282,33 поени, индексот S&P 500 на 5.203,58 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.315,70 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 80.788 долари, а на нафтата „брент“ на 85.393 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 27.100 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.180,80 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4110 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08246, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…
Цената на суровата нафта во светот порасна…
Ердоган: Откриени нови резерви на нафта во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри…
Околу 82.000 литри нафта се излеале за…
Утре одлука за цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…