Цените во грчките маркети се намалени од 6 до 15 отсто, во Македонија речиси и да не видовме намалување
Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти во Грција известува дека макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од шест до 15 отсто јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за развој на Грција ја објавија конкретната листа со производи, која според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис е само почеток на иницијативата и постепено ќе бидат вклучени над 600 производи од различни добавувачи.
Маринакис на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека намалувањето на цените на основните производи за широка потрошувачка е по иницијативата и повикот од министерот за развој Такис Теодорикакос до сите добавувачи на храна и брендирани производи за широка потрошувачка, како и организирана малопродажба.
„Намалувањата на цените на овие први 120 кодови на производи за широка потрошувачка ќе се движат од шест до 15 проценти, а синџирите на супермаркети веќе го известија Генералниот секретаријат за трговија за соодветните листи со производи“, рече вчера Маринакис.
„Катимерини“ пишува дека компаниите се обврзале намалувањето на цените да трае најмалку два месеци, но генералниот директор на Сојузот на супермаркети Апостолос Петалас за весникот рекол дека процените се дека времетраење сепак ќе биде подолго околу три-четири месеци.
Годишната инфлација во Грција во септември беше 2,9 проценти, според официјалните податоци од Службата за статистика, додека пак инфлацијата на прехранбените продукти беше 3,2 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените во грчките маркети се намалени од…
Министерството за развој за справување со инфлацијата…
Стејт департментот му додели награда на Елвис…
Извршниот директор на Институтот за истражување и…
Во Скопје вечерва набљудување на комета –…
Скопското астрономско друштво денеска приредува интересен настан,…
Антикорупциска отвори постапка за новиот директор на…
Антикорупциската комисија отвори предмет за новоназначениот директор…
ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Викендов поместете ги…
Со поместување на часовникот за еден час…