Цените на горивата ќе ја срушат и владата на Перу? Претседателот Кастиљо се најде во огромна политичка криза
Педро Кастиљо го укина полицискиот час во Лима, но сè уште се соочува со повици да поднесе оставка по големиот број лоши одлуки и обвинувањата за корупција
Контроверзниот претседател на Перу, Педро Кастиљо, е во центарот на големата политичка криза предизвикана од зголемените цени на горивото и вештачките ѓубрива предизвикани од руската инвазија на Украина – и неговите сопствени тешки напори да ги смири немирите, пишува Гардијан.
Во вторникот Кастиљо го укина полицискиот час во Лима, во обид да ги смири насилните протести поради зголемените цени на горивото и храната. Но, овој потег дојде предоцна за да се смири гневот на јавноста.
Демонстрантите во центарот на Лима водеа битка со полицијата. Вандали и ограбувачи ги нападнаа зградите на судството, јавното обвинителство и националниот избирачки одбор. Продавниците беа искршени и ограбени на една од главните сообраќајници во центарот на градот.
Во последното поглавје во хаотичната политика на Перу, Кастиљо се појави на удар од сите страни во услови на зголемена врева од повици за негово отстапување. За само осум месеци на функцијата, тој преживеа два обиди за импичмент.
„Во земја со слаба власт, во земја во која недостигаат реформи, во земја која има многу социјални барања, тој успеа да ги влоши работите за многу кратко време“, рече Едуардо Даргент, професор по политички науки на Папскиот католички универзитет во Лима.
Фернандо Туеста, политиколог, тврди дека единствениот излез од кризата ќе биде оставката на поранешниот учител, проследена со нови избори.
„Неговиот мандат е само гаранција за нестабилност, лошо владеење и одржување на корупцијата“, рече тој. „Перу има потреба од нови избори со политички реформи за да има светлина на крајот од овој долг мрачен тунел“.
Кастиљо тесно победи на изборите минатата година со поддршка од руралните сиромашни луѓе, но неговата поддршка брзо се намали по напливот на лоши одлуки и обвинувања за корупција.
Најмалку еден демонстрант денес беше убиен во регионот Ика, околу 300 километри јужно од главниот град, со што бројот на загинати се искачи на шест во тековните протести на земјоделците и транспортните работници поради зголемените цени на горивото, храната и ѓубривата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…
Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…
Мудис: Загрозена економската иднина на Израел
Војната со палестинската милитантна група Хамас го…
Расте „стапката на смртност“ на бизнисите во…
Отворањата на нови компании исто така бележат…
Премиерот на Баварија: Германија е во „сериозна…
Владата на канцеларот Олаф Шолц е „целосно…
Македонските пензии најниски во регионот
Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…