Цените на мало бележат нов раст од 5,2%, информираа од ДЗС

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0.2 %, информираат од Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Разновидни стоки и услуги за 1.6 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.5 %, Ресторани и хотели за 0.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Рекреација и култура за 0.1 %.
Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 0.9 %, Комуникации за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %.
Трошоците на животот во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Според ДЗС, индексот на цените на мало во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година изнесува 99.6.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.2 %.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
СДСМ: Откако се покачија, Владата ги замрзна…
Од СДСМ велат дека последната одлука на…
Владата утре ќе разгледува мерки за цените
Владата на утрешната седница ќе отвори дискусија…
Цените на мало бележат нов раст од…
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
Поскапува мазутот, цените не другите горива не…
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од…