Цените на прехранбените продукти ќе останат замрзнати до 31 јануари

t

Владата донесе oдлука цените на основните прехранбени производи да останат замрзнати до 31 јануари.

Ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, беше со важност до 31 декември, а сега се продолжува до 31 јануари.

Станува збор за белиот ориз, пченично брашно – тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка.

Денешната владина одлука е во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници.

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со оваа владина одлука, до 31 јануари, наместо до 31 декември, остануваат замрзнати и претходно утврдените цени на минералната негазирана и газирана вода, одредени видови негазирани и газирани пијалоци и пиво – исто така, во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…