Цените на становите уриваат рекорди
Цените на становите вртоглаво растат, но продажбата е се поголема.Станови по над 3000 евра за квадратен метар биле продадени во Општина Центар и во Охрид како моментално најатрактивни за купците, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.
Ова го потврдува и Народната банка чии статистики говорат дека цените на становите во третиот квартал се зголемиле за 25 отсто во однос на лани. За пет години, цените на недвижностите речиси се удвоиле односно пораснале за скоро 93 проценти.
Од друга страна, резултатите од пописот во 2021 година покажуваат дека во Скопје има 60 илјади празни станови. Во Охрид исто секој втор стан е празен, а постојано се градат нови висококатници. Според дел од екологистите мора да се воведат одредени мерки за да се намали градежната офанзива која ги загуши градовите а особено Охрид како заштитетно подрачје на Унеско.
Половина од становите се купуваат на кредит, а половина во кеш.Статистиката на Агенцијата за катастар на недвижни потврдува дека бројот на хипотеки е во постојан пораст во последните години. Покрај хипотеките, забележан е раст и во продажбата на недвижности.
,,Во периодот април-јуни годинава се запишани 2 876 хипотеки врз недвижностите со вкупна вредност од 551 537 664 евра .Само во Центарот за катастар на недвижности Скопје во вториот квартал се впишани 1 522 хипотеки во вредност од речиси 290 милиони евра, додека во 29-те одделенија на катастарот низ државата се регистрирани 1 354 товари.Споредено со првиот квартал на 2025 година, зголемувањето е значајно.Во базата на Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава се внесени 6 135 купопродажби на недвижности, што е за 580 повеќе во однос на претходниот квартал, кога биле регистрирани 5 388 трансакции.”
Според експертите,како што се намалуваат квалитетните локации за градба на станбени објекти, така инвеститорите ги зголемуваат цените по квадратен метар изградена површина. Во зголемувањето на цената голем удел имаат и сопствениците на локациите, кои ги покачуваат цените за продажба или го зголемуваат процентот за преотстапување на правото за учество во заедничката градба. Агентите за недвижнини пак велат дека поголем дел од становите ги купуваат купувачи што пласираат слободни финансиски средства, бидејќи во моментов недвижнините се сметаат за најсигурна инвестиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на становите уриваат рекорди
Цените на становите вртоглаво растат, но продажбата…
ЕУ ја објави агендата за 7-та Меѓувладина…
Советот на Европската Унија ја објави агендата…
Проф. Ангел Димитров: Ќе има напредок само…
Политизацијата на заедничката историска комисија доаѓа од…
Дијана Хрка заврши во болница, здравјето ѝ…
Дијана Хрка, мајката на Стефан кој загина…
Руско МНР: Русија е подготвена за средба…
Русија е подготвена за средба меѓу рускиот…