Ценовен шок: Од јуни сметките за струја може да се зголемат за 10%?

t

Сметките за струја би се зголемиле за најмалку 10 проценти од следниот месец поради малверзациите коишто ги правеле дел од општините, велат од Регулаторната комисија. Првиот човек на регулаторна, Марко Бислимовски вели дека уште не започнат процесот на пресметка на трошоците кои ги пријавиле енергетските компании за новата цена, а веќе се гледаат зголемени трошоци. Според него, за општините да ги намалат трошоците за улично осветлување, формирале јавни претпријатија. Преку нив цената на струјата ја плаќале како домаќинства. Купувале струја од Универзалниот снабдувач ЕВН, а не на слободниот пазар. Но, ЕВН немала доволно струја за оваа намена и ја купувала на слободниот пазар за висока цена.

„Заради некоректен однос на повеќе општини од државата коишто измислуваат јавни комунални претпријатија коишто не ги исполнуваат условите за да одат на слободен пазар за да го намалат трошокот за улично осветлување, направен е тотално непотребен трошок за набавка на електрична енергија од 30 милиони евра….“, изјави Марко Бислимовски- Претседател на РКЕ.

ЕВН овие 30 милиони ги презентирале пред Регулаторна како трошоци.

„Тој трошок од 30 милиони евра значи 10 проценти зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните“, рече Марко Бислимовски- Претседател на РКЕ.

Освен МЕПСО, останатите енергетски компании веќе ги доставија пресметките на трошоците до регулаторот. Најголемо влијание за тоа колку ќе плаќаат граѓаните зависи каква понуда ќе достави ЕСМ. Во меѓувреме, од РКЕ го кројат и новиот тарифник од јули со кои големите потрошувачи ќе плаќаат повеќе.

Алсат ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жељазков: Евтината енергија е услов за подобар…

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков присуствуваше на…

Утре одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…

Пазарната неизвесност повторно ја зголемува цената на…

Стравувањата од трговска војна предизвикани од воведувањето…

Покачување од 20%- еве колку чини лебот…

Во Бугарија се бележи значително зголемување на…

Цената на квадрат скокна до 3.000 евра

Во октомври годинава општините издале 216 одобренија…