Цеца си го „поправа“ носот – фановите во чудо: Зошто ѝ беше потребно ова?!
Естрадната дива Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно ѝ го привлече вниманието на јавноста – овојпат поради нова естетска интервенција на лицето. Иако важи за жена која со години го негува својот изглед, последниот потег на пејачката предизвика лавина реакции и прашалници.
Според информациите на српскиот медиум Informer, Цеца неодамна направила мала, но видлива корекција на носот, и тоа без хируршки зафат. Таа, наводно, се одлучила за третман со хијалуронски филери за да го подигне врвот на носот, кој според неа „почнал да паѓа“.
Цеца сака секогаш да изгледа беспрекорно. Сфати дека врвот на носот ѝ се променил со текот на времето, па побара дискретна корекција. Не сакаше операција, туку нешто брзо и едноставно. Со филери за неколку минути доби нос по своја мера – открива близок извор на пејачката.
Интервенцијата, која ѝ ја извршил доверлив естетски хирург, наводно не ја чинела повеќе од 500 евра, но резултатите – според неа – биле спектакуларни.
Изгледа барем пет години помладо,“ вели изворот, но и додава дека најблиските на Цеца останале збунети:
„Сите се прашуваат зошто ѝ беше потребно ова. Се надеваат дека тука ќе застане.“
И додека нејзините обожаватели водат дебати на социјалните мрежи, Цеца продолжува да ги уредува и сцената и својот изглед – како што само таа знае.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цеца си го „поправа“ носот – фановите…
Естрадната дива Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно ѝ…
Поранешната фризерка на Цеца открива: „Кога се…
Поранешната фризерка и кума на Цеца Ражнатовиќ…
Цеца носи „Ролекс“ од 26.000 долари
Цеца за време гна прославата во вилата…
„ЗОШТО БОЖЕ?“ Цеца Ражнатовиќ се прости од…
Не само Македонија, туку и целиот регион…
Пари фрчеа на сите страни: Цеца на…
Фотографии од ромска венчавка во околината на…