Објавено на:

ЦИА и МИ6 согласни: Не Русија, Кина е најголемата закана за Западот

t

Шефот на ЦИА Вилијам Барнс и шефот на британската разузнавачка служба Ричард Мур излегоа од вообичаената тајност при работењето на нивните служби, сакајќи јасно да стават до знаење дека за вредностите и интересите на либералната демократија на Западот, сега, во изменетиот свет, од клучно значење е борбата против обидот на Русија да доминира барем со дел од Украина и соочување со главната закана – Кина.

Кина е во подем на економски, технолошки и воен план и сака да го преуреди светскиот поредок на свој начин, велат Барнс и Мур во интервју за бриселскиот портал „Политико“.

Во своето излагање пред дипломатско-разузнавачката елита на Британскиот институт Дичли, Барнс го истакна големото значење на блиската соработка меѓу ЦИА и МИ6 и нагласи дека „добата по Студената војна е целосно завршена“ и рече дека тие заедно со своите сојузници и партнери сега треба да гарантираат „свет кој ќе биде слободен, отворен, безбеден и свет на подобрување“.

„Успехот во ова зависи од тоа како ќе се справиме со три предизвици… првиот е стратешкото ривалство со амбициозната и растечка Кина, како и Русија, која постојано не потсетува дека опаѓачките сили можат да бидат исто толку поразителни како и оние во подем“, презентираше шефот на ЦИА.

„Вториот предизвик“, вели Барнс, „се неволјите без пасоши, како што се климатските кризи и глобалните пандемии, кои се надвор од дофатот на која било земја и стануваат сè поакутни и витални за животот и опстанокот“.

Сличен став за состојбата и проблемите во светот даде и Мур, а и двајцата предупредуваат дека третиот голем предизвик за светот е исто така „технолошката револуција која го менува нашиот начин на живот, работа, борба и конкуренција“ и укажуваат на големи сомнежи и нервози од неконтролираната примена на вештачката интелигенција.

– И тоа со себе носи можности и опасности кои се уште не сме ги виделе, рече Барнс, нагласувајќи дека трите предизвици со себе носат конфликти, како и неизбежност од светскат соработка, но и големо ривалство во совладувањето на технолошката револуција.

Шефот на МИ6 и шефот на ЦИА се согласуваат дека „непосреден и најжесток геополитички предизвик за меѓународниот поредок е инвазијата на Владимир Путин на Украина“.

Мур вели дека треба да се разберат сомнежите за досегашната малку успешна украинска контраофанзива против руските сили и стравот од руски контранапад и затоа „тоа е тежок потфат и украинските власти и војници не отстапуваат… а Русите поставија одбрана која многу тешко се крши“.

Мур дозволува и можност за мировни преговори, па вели дека „никој не сака да го понижи Путин и големиот руски народ…повеќето конфликти завршуваат со преговори, но за тоа треба да одлучи Украина, а не ние“.

Тој повторува дека ставот на западните сојузници и помагачи на Украина е Киев да преговара од позиција на сила.

Барнс, кој беше и американски амбасадор во Москва, истакнува дека „поминал повеќе од две децении обидувајќи се да ја разбере и да се спротивстави на запалливата мешавина на чувства на неправда, амбиција и несигурност што Путин ја носел во себе“.

Шефот на ЦИА подвлекува дека „Украинците покажаа дека нема да отстапат, исто како и сите ние кои ја поддржуваме Украина“.

Заклучокот на Барнс е дека „војната на Путин веќе се претвори во стратешки неуспех на Русија, нејзината воена слабост излезе на виделина, нејзината економија е колабирана многу години, нејзината иднина е да биде помал партнер и економска колонија на Кина… НАТО стана уште посилен“.

Шефот на ЦИА смета дека бунтот на паравоената формација „Вагнер“ и „корозивниот ефект на војната на Путин врз неговото општество и неговиот режим“ укажуваат на тоа.

Водачите на американските и британските разузнавачки служби се согласуваат дека за Западот Кина е далеку поголем предизвик од Русија, „која е единствената земја што сака да го преобликува меѓународниот поредок и истовремено да ја зголеми својата економска, дипломатска, воена и технолошка моќ. ”

Трансформацијата на Кина во изминатите пет децении е восхитувачка, велат Барнс и Мур, но тие веруваат дека големата моќ што ја стекна претседателот Си Џинпинг „наместо да се користи за зајакнување на меѓународниот поредок што ја овозможи кинеската трансформација, сега е насочена кон нејзино преобликување. ”

Барнс, исто така, заклучува дека „невозможно е да се игнорира фактот дека во ова ново време нашето ривалство расте врз основа на економската меѓузависност и трговските врски“.

Шефот на ЦИА смета дека тоа доведе и до „стратешки зависности, критични ранливости и сериозни закани за нашата безбедност и напредок… но би било лудо да ги прекинеме врските со економија како Кина, туку мораме значително да ги намалиме опасностите , да обезбедиме синџири на снабдување, заштита на нашиот технолошки развој и инвестирање во индустриски капацитети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…