ЦИА и Мосад на разговори во Катар
Шефовите на ЦИА и Мосад се сретнаа со катарскиот премиер денеска во Доха за да разговараат за параметрите на договорот за ослободување заложници и паузата во борбите, изјави за Ројтерс извор информиран за состанокот.
Трилатералниот состанок ги собра сите три страни на една маса во реално време за да го забрза процесот, рече изворот, пренесува Скај Њуз.
Тоа се случува откако катарските посредници синоќа се сретнаа со претставници на политичката канцеларија на Хамас.
Катар, каде се сместени неколку политички лидери на Хамас, ги предводи напорите да посредува меѓу Хамас и израелските власти за ослободување на заложниците.
Во меѓувреме, високи претставници на Хамас денеска во Каиро се сретнаа со шефот на египетската Генерална разузнавачка служба, Абас Камел.
Во делегацијата биле политичкиот водач Исмаил Ханије и поранешниот шеф Калед Мешал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германскиот претседател игнориран при пристигнувањето на Блискиот…
Катарскиот министер за надворешни работи го остави…
Портпаролот на катарското МНР: „Најтешката страна“ во…
-Процесот на преговори е тежок од сите…
Катар издејствува продолжување на примирјето за дополнителни…
Катар успешно преговараше за договор меѓу Израел…
Катар се надева дека ќе продолжи примирјето…
- Она што се надеваме е дека…
Бајден: „многу блиску“ е договорот за заложниците…
Некои од околу 240-те заложници киднапирани од…