Објавено на:

ЦИА: Ковид-19 сепак, излегол од лабораторија

t

Централната разузнавачка агенција проценува дека пандемијата на ковид-19 во 2019 година поверојатно се проширила од лабораторија за вируси отколку од пазар за животни во кинескиот град Вухан.

ЦИА пет години наведуваше дека врз основа на собраните докази не може прецизно да се заклучи дали жариштето било предизвикано од инцидент во лабораторија или вирусот случајно прескокнал од заразено диво животно врз луѓе на пазарот во Вухан. Разузнувачите не можеа да го потврдат тврдењето на претседателот Доналд Трамп во 2020 година дека вирусот „намерно бил пуштен од Кина“.

Пред крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден, шефот на ЦИА Вилијам Барнс побарал од аналитичарите и стручните лица во агенцијата да направат порешителен заклучок, поради „историската важност на пандемијата“. Извори од агенцијата во саботата неофицијално истакнале дека заклучокот е дека вирусот поверојатно се проширил од лабораторија отколку од пазар.

Кинеските власти упорно тврдат дека ги поддржуваат истрагите за утврдување на потеклото на вирусот ковид-19, но го обвинуваат Вашингтон дека настојува да го политизира проблемот. Кинеските власти, исто така, со години тврдат дека „нема кредибилитет“ претпоставката дека вирусот се проширил од лабораторија.

Новиот шеф на ЦИА, Џон Ретклиф, во првото интервју откако Сенатот му го потврди мандатот, изјави дека меѓу приоритетите на агенцијата ќе биде да ги објави своите заклучоци за потеклото на пандемијата на ковид-19.

– Нашите разузнавачи, нашата наука, нашиот здрав разум укажува дека потеклото на ковид-19 било протекување од лабораториите на Институтот за вирологија во Вухан – изјави Ретклиф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦИА: Ковид-19 сепак, излегол од лабораторија

Централната разузнавачка агенција проценува дека пандемијата на…

Директорот на руската надворешна разузнавачка служба е…

Директорот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј…

Џон Ретклиф даде заклетва како нов директор…

Џон Ретклиф положи заклетва како директор на…

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс денеска ќе…

Високи американски функционери, вклучително и директорот на…

Поранешниот шеф на БИА откри детали од…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска реагираше на…