Циркус коалиција: ВРЕДИ без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

t

Коалицијата „Вреди“ не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за идејата за смена на Уставот за борба против високата корупција. Од „Вреди“ претходно објавија дека подготвиле уставен амандман со кој се менува делот на ретроактивноста на законите, па така би можело одново да се разгледаат сите досегашни судски постапки во кои биле вклучени политичари. Воедно, од „Вреди“ предвидуваа евентуалните кривични дела на функционерите да не можат да застарат и да се зголеми опфатот на конфискација на противправно стекнат имот. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека ќе се борат против корупцијата со постоечките закони и најавија дека наскоро започнуваат со расветлување на случаи.

„Нашиот став е дека со постојните законски регулативи и со мечирање на базата на податоци може да се бори против корупцијата. Она што досега недостасуваше беше политичката волја за расветлување на овие случаи, за испитување и одговорност за криминалите може и треба да се плашат сите оние коишто се огрешиле пред законот, а треба да знаат дека ќе има правда. Наскоро ќе се започне и со расветлување на сите случаи за сите видови на корупција.“, рече Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот на „Вреди“ следуваше откако ДУИ побара поддршка од останатите партии за идејата за меѓународен ветинг за политичарите, судиите и обвинителите.

Годините, бучавата, повредите на ушите и тинитусот го оштетуваат слухот. Постои докажано решение – без уреди и операции.

„Деновите поминуваат, а партиите од моноетничката влада, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години, останаа неми и се обидуваат да ја одвлечат темата со бесмислени соопштенија. Ајде, веднаш да почнеме, секој од политичарите да го приложи имотот и минатото пред меѓународна комисија за мониторинг за ветинг.“, велат од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли предлозите и на ДУИ и на „Вреди“. Од СДСМ пак, претходно истакнаа дека тие уште во 2019 година повикале на темелен ветинг во правосудството, но, како што додаваат, за жал ниту од ДУИ ниту од ВМРО-ДПМНЕ таа идеја не доби поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Циркус коалиција: ВРЕДИ без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата „Вреди“ не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ…

Русија евакуираше над 76.000 луѓе од Курската…

Над 76.000 луѓе се евакуирани во руската…

Ковачевски му честита на македонскиот маратонец Ивановски:…

Дарио Ивановски беше првиот македонски маратонец кој…

(Видео) Со дронови фатени дрвокрадци како сечат…

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-…

Лукашенко: Пресретнавме рој беспилотни летала упатени кон…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека системите…