Цијаниди, тешки метали, амонијак пронајдени ов водата од Езерото Калиманци: „Правда ќе бараме и на суд„!
Утврдени се недозволени материи во водата во Езерото Калиманци, стои во соопштението на ЗРСК Шаран – Македонска Каменица објавено на 28 октомври 2024 година откако во Езерото Калиманци се случи помор на риби.
Соопштението го пренесуваме во целост:
– По превземени мерки од надлежните државни институции а по претходна пријава од ЗРСК Шаран – Македонска Каменица за помор на риби во Калиманско езеро на ден 06.08.2024 година, ја известуваме јавноста дека од извршените анализи на водата во Каменичка река,Калиманско езеро и примероци од угинатите риби се добиени официјални извештаи во кои е констатирано следното:
– рибите се угинати од присуство на многу силен акутен отров – цијаниди ;
– во примероците од угинатите риби во самото ткиво откриено е присуство на тешки метали – Жива, Кадмиум, Олово, Арсен и Цинк ;
– во водата на вливот на Каменичка река во езерото Калиманци откриено е енормно зголемено присуство на Манган (50 пати над дозволеното), Кадмиум, суспендирани материи (4 пати над дозволеното), Амонијак (53 пати над дозволеното), Нитрити ( 8 пати над дозволеното), Олово, Цинк и Бакар ;
– во водата на Каменичка река во горното течение, под тунелот на јаловиштето, и на самиот улив во Калиманско езеро е откриено зголемено присуство на ЦИЈАНИД.
Во периодот кој следува ЗРСК Шаран ќе превземе одредени мерки со кои ќе бараме да се идентификува сторителот и истиот да биде најстрого санкциониран и казнет.
1. Најпрво ќе го известиме Градоначалникот и Советот на Општина Македонска Каменица од кои ќе побараме да се вклучат релевантни институции кои ќе извршат мониторинг на водата на Каменичка река и Калиманско езеро со цел да се утврди дали водата претставува опасност врз здравјето на луѓето и животните (чл.32 од Законот за животна сеедина).
Исто така ќе бараме испитување на рибите во реката и езерото се со цел да се утврди дали истите смеат да се конзумираат т.е дали се штетни по здравјето на луѓето.
Согласно чл.39 од Законот за животна средина ќе бараме податоците од мониторингот да бидат доставени до меѓународни организации и тела согласно меѓународните договори кои ги има ратификувано Р. Македонија.
2. За резултатите од анализите ќе ја информираме Владата на Р. Македонија и сите надлежни министерства а особено Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бидејќи со водата од Калиманско езеро се наводнуваат илјадници хектари земјоделски површини.
Ќе побараме Владата на Р. Македонија да ги задолжи сите надлежни институции се со цел откривање на сторителот за поморот на рибите, негово санкционирање како и превземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето на Општина Македонска Каменица.
3. За поморот на риби и добиените резултати од анализите ќе ги информираме Претседателот на Р. Македонија, канцеларијата на Европската унија во Скопје, амбасадата на САД и амбасадата на Обединетото кралство.
4. Правдата ќе ја бараме до крај и ако е потребно и пред меѓународните судови .
БИСТРО
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цијаниди, тешки метали, амонијак пронајдени ов водата…
Утврдени се недозволени материи во водата во…
Голем помор на риба во Вардар кај…
Голем помор на риба и останатиот жив…
Изумрени риби во долниот тек на река…
Изумрени риби вчера се забележани во долниот…
Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)
Овен Работа: Овој период ќе го означи…
(Видео) Научниците без зборови: Илјадници мpтви риби…
Шокантните снимки на кои се гледаат илјадници…