ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ПАК Е ШАМПИОН НА СРБИЈА: Води пред Партизан со недостижни 14 бода
Фудбалерите на Црвена звезда, на четири кола до крајот на сезоната во Супер лигата на Србија, математички ја обезбедија шампионската титула, седма во низа и 35-та во клупската историја.
Црвена звезда, во 33-тото коло на стадионот „Рајко Митиќ“, го совлада ТСЦ со 2:1. На 4 кола пред шампионатот има недостижни 14 бода повеќе најголемиот ривал Партизан, кој во ова коло загуби на домашен терен од Војводина со 2:3.
Сите погодоци на натпреварот во Белград беа постигнати во вториот дел, Олајинка погоди во 55-тата минута за 1:0, а Милосављевиќ израмни 5 минути подоцна. Во 75-тата минута Ндиаје ги постави конечните 2:1 за голема слава на црвено-белите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…