Црвена ѕвезда ја освои 34. шампионска титула
Фудбалерите на Црвена ѕвезда ја освоија 34. шампионска титула на Србија, шеста во низа, откако денеска во првото коло од плеј-офот го совладаа ТСЦ со 4:1 (1:1).
Црвено-белите на шест кола пред крајот имаат 85 бода, 23 повеќе од тимот на Бачка Топола и Чукарички, кои го израмнија рекордот од сезоната 1976/1977 година, кога титулата беше освоена и на шест натпревари пред крајот на првенството. Троен стрелец беше Осман Букари, во 45+2, 61. и 75. стрелец беше и Гелор Канга во 69. минута.
Стрелец на единствениот гол за гостите беше Ифет Ѓаковац во 20. минута од пенал. Со оваа титула Ѕвезда за првпат обезбеди директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, а до крајот на сезоната ќе се обиде да го освои Купот и да стигне до третата последователна двојна круна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА : Телескоп сними како…
Сликите направени од телескопот „Џејмс Веб“ ги…