Објавено на:

Црвениот крст повика на обновување на помошта за Авганистан

t

Црвениот крст денеска ги повика земјите и донаторите да ги остават настрана своите политички приговори за Талибанците и да продолжат со протокот на хуманитарна помош до државните институции во Авганистан за да се олесни „неподносливата“ хуманитарна ситуација во земјата.

Авганистанските Талибанци денеска одбележаа една година од доаѓањето на власт со скромни прослави додека земјата се бори со растечката сиромаштија, суша и неухранетост поради кои повеќе од половина од нејзините 40 милиони луѓе зависат од хуманитарна помош за да преживеат.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) е една од организациите кои обезбедуваат помош откако донаторите ненадејно ги прекинаа средствата како одговор на преземањето на земјата од страна на Талибанците поради загриженоста дека не се почитуваат правата на жените и се кршат санкциите.

Прекинот на хуманитарната помош не е траен, изјави за Ројтерс генералниот директор на МКЦК Роберт Мардини, пренесува БТА. – Хуманитарните организации не можат да ги заменат јавните институции во земја со 40 милиони жители, рече тој. – Нашата главна порака е да побараме од земјите и развојните агенции да се вратат во Авганистан и да продолжат да ги поддржуваат Авганистанците кои веќе се соочуваат со неподнослива ситуација, додаде Мардини.

За да го надополни недостигот во средства, МКЦК обезбедува поддршка за околу 33 болници за да продолжат да работат, плаќајќи ги платите на медицинскиот персонал, па дури и доставувајќи гориво за амбулантите и обезбедувајќи храна за пациентите.

Економската состојба во земјава е толку лоша што многу од градските жители одат дотаму што продаваат лични работи на улица и молат во редици за леб за да преживеат, рече Мардини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талибанците извршија јавна егзекуција на маж осуден…

Талибанците денеска извршија јавна егзекуција на маж…

Не е повеќе Авганистан најголем светски производител…

Според ОН, Мјанмар бележи значителен пораст на…

Производството на афион во Авганистан падна за…

Производството на афион во Авганистан, некогаш најголемиот…

За само 4 дена Израел фрли повеќе…

За само 5 дена Израел фрли повеќе…

(Видео) Морничави сцени од Авганистан десетици села…

Морничави сцени од Авганистан по страшниот земјотрес…