Објавено на:

Црвен безбедносен аларм во Србија

t

Продолжуваат апсењата низ цела Србија по терористичкиот акт во Белград, каде што полицаец на должност беше нападнат пред израелската амбасада. Две лица се во притвор, а Србија во моментов има црвеното ниво на безбедност, кое најверојатно ќе се задржи до вторник.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека синагогата во Белград била можна прва мета на Милош Жујовиќ, кој го нападна полицаецот.

„Треба да најдеме соодветна причинско-последична врска меѓу активностите на вахабистите и конкретниот настан. Затоа е спроведена широка акција на сослушувања и притвори, а во два случаи е одредена мерка притвор. За Игор Деспотовиќ, кој беше уапсен во Белград, и Кемал Беговиќ кој беше приведен при претресот во Нови Пазар. Одзеден му е елекот со знаме на таканаречената Исламска држава.“ – изјави Дачиќ.

Милош Жујовиќ од Младеновац, кој прејде во ислам со верско име Салахудин, кој се преселил да живее во Нови Пазар, е 25 годишникот кој со самострел вчера застрела припадник на српската жандармерија на безбедносна должност во израелската амбасада. Напаѓачот е убиен од полицаецот кој беше повреден во нападот кој српските власти го сметаат за „терористички акт“. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави нови апсења.

„Имаме многу добра соработка со двете исламски заедници во Србија, но се уште постои пристапот на странски служби. Преку некои имами тие се обидуваат да го прошират своето влијание. Како што се борите против православниот екстремизам, така се борите и против исламскиот. Ова е целосно планиран терористички напад. Тоа го направи обидувајќи се да избегне каква било реакција од жандармите. Не го ни подигна самострелот, туку го извади од торбата. Навистина, тој човек заслужува восхит поради неговата смиреност и дисциплина.“ – рече Вучиќ.

Граѓаните на Србија немаат причина за страв и загриженост по овој напад, рече Вучиќ. Според него, Србија според сите статистики е една од најбезбедните земји во Европа и дека нема да има милост кон тероризмот и терористите. Црвеното ниво на безбедносна закана од тероризам значи дека има зголемено полициско присуство низ цела Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Скопје безбеден град? Падна дрво во…

Скопје одново е жртва на страшен ветер…

Фијаско за Макрон

По победи екстремно десничарската партија Национален собир…

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во…

(Видео) Браво: „Мојата Македонија’’ ја отпеја малиот…

,,Тие се многу гостољубиви и срдечни, многу…

МВР со АПЕЛ до граѓаните: Има лажни…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…