Црвен крст со нови санитетски возила ќе им помага на граѓаните да дојдат до болница
Црвениот крст на Град Скопје денеска промовираше 4 санитетски возила со чија помош ќе им се помага на болни, возрасни и изнемоштени лица да бидат транспортирани до клиниките и амбулантите, во случаите кога нема да има никој друг да ги транспортира. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека со Црвениот крст планиран е и проектот „итно копче“ кој ќе функционира 24 часа, секој ден.
– Овој проект е за повозрасни, болни, изнемоштени, за лица со посебни потреби. Кога ќе им треба услуга, ќе можат да го сторат тоа и да им помогнеме со санитарните возила. Доколку ова оди добро, ќе треба да ги активираме овие услуги и во другите градови, рече Таравари.
„Итно копче“ е услуга која е достапна 24 часа во неделата, а лицата ќе можат да побараат помош преку притискање на само едно копче, според веб-страницата на Црвен крст. Кога корисникот на аларм-уредот ќе го притисне копчето, ќе добие повик од операторот на контакт центарот на „итно копче“.
Потоа тој ќе ги сподели информациите за тегобите со кои се соочува, а обученото лице му дава понатамошни насоки, а по потреба се испраќа тим за прва помош во неговиот дом.
Доколку има потреба, се обезбедува транспорт до соодветната установа, пишува на веб-страницата на Црвен крст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах не знаел дека купува пејџери од…
Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…
74-годишна жена од Охрид заврши во болница…
Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…
Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…
Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…
ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…
Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…
20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…
20-годишен возач е тешко повреден откако со…