Црна Гора ги поддржа новите санкции за Русија
Европската унија додаде дванаесет Руси и пет правни лица на списокот на санкции против Русија, а Црна Гора се приклучи на овие санкции кои беа објавени во Службениот весник на ЕУ на 20 јули, изјави високиот претставник на ЕУ.
На списокот со санкции се заменик-градоначалничката на Москва, Наталија Сергунина, Олег Баранов, шеф на главната управа за внатрешни работи на градот Москва и Едуард Лисенко, министер на владата на Москва и шеф на Одделот за информатички технологии на градот Москва.
На списокот има и девет вработени во затворскиот систем, особено целото раководство на казнената колонија ИК-6 Мелехово, каде што Алексеј Навални ја издржува казната.
Покрај тоа, списокот вклучува пет правни лица, особено Главната дирекција за внатрешни работи на градот Москва, Одделот за информатички технологии на градот Москва, како и три технолошки компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…