Објавено на:

ЦРНИ ОБЛАЦИ НАД СКОПЈЕ – доаѓа невреме во главниот град!

t

Попладнево не очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Во овој момент црни облаци се над нашиот главен град, па така доколку планирате да излезете надвор, тоа одложете го за подоцна.

Времето утре ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Она што е евидентно е тоа што стабилизација не очекува од понеделник кога ќе имаме и зголемување на температурите и максимални 32 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…