Црногорскиот премиер: Воведовме санкции за Русија затоа што сме целосно усогласени со ЕУ
Кривокапиќ: Санкции против Русија затоа што Црна Гора е целосно усогласена со ЕУ
Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ одговарајќи на новинарски прашања на Економскиот форум Делфи за ситуацијата со Украина рече дека Црна Гора се приклучила на санкциите против Русија, бидејќи е целосно усогласена со европската безбедносна политика.
Според него, во петокот е формиран комитет, кој перманентно ќе ги следи сите мерки кои произлегуваат од Европската унија и Европскиот совет, во врска со санкциите против Русија, пренесува RTCG.
„Го направивме она што беше до нас, нема летови меѓу Русија и Црна Гора, но досега немало заплена на имотот на руските државјани кои се во нашата земја. Имено, јахтите кои биле во Црна Гора, веројатно очекувајќи реакција од државата во таа насока, во рок од три дена ја напуштиле нашата земја и, како што дознаваме, биле стационирани во Турција“, рече Кривокапиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…