ЦУК: Бехтел Енка помогна да стопираме крак од голем шумски пожар кој се закануваше на воен објект
Моќен булдожер или багер може да заврши поголема работа и од хеликоптер, доколку условите на теренот дозволуваат негово движење за изработка на доволно широк противпожарен појас кој огнот не може да го помине.
Во борбата со огнената стихија која почнувајќи од минатиот месец ја зафати Македонија, за нас како држава секоја помош е добредојдена. Затоа го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита но истовремено континуирано баравме помош на локално и на централно ниво, од домашни и странски градежни компании кои располагаат со тешка градежна механизација.
На големо задоволство на Главниот штаб за управување со кризи, помош во градежна механизација ни понуди компанијата Бехтел ЕНКА, изведувач на проектот за автопатите Коридор 8 и Коридор 10d. На конструктивна средба помеѓу директорот на ЦУК Стојанче Ангелов со претставници на Бехтел ЕНКА беше договорена нивна брза реакција доколку за гаснење на некој пожар се појави потреба од нивната градежна механизација.
Во среда попладне (07.08.2024 г.) од Бехтел ЕНКА побаравме итно да помогнат со еден моќен багер за проширување на пристапниот пат и ископување широк противпожарен појас околу воен објект над густо населената област кај с. Челопеци во општина Кичево, за да се спречи ширењето на големиот пожар на отворен простор. Набргу потоа багерот беше донесен на потребната локација, веднаш започна со работа и рњкордно брзо го изработи потребниот појас.
Бехтел ЕНКА, исто така во четвртокот наутро (8 август 2024 г.) ја распореди својата опрема од трасата на Коридорот 8 во Делница 2, за да го ограничи и сузбие пожарот во непосредна близина на бачилото во с. Бањица, општина Гостивар.
Голема благодарност до Бехтел ЕНКА за нивната отвореност за соработка како и брзата реакција со која беше спречено ширењето на овие застрашувачки пожари.
Ги повикуваме и останатите домашни и странски компании, доколку се во можност, со своите ресурси да помогнат во борбата против огнената стихија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Бехтел Енка помогна да стопираме крак…
Моќен булдожер или багер може да заврши…
Активни се шест пожари, два се под…
Вчера, петок, 09.08.2024 година, имаше вкупно 37…
Четири активни пожари на територијата на Македонија,…
Во текот на денешниот ден до 13…
Гори во Македонски брод и Студеничани: Вчера…
Вчера, четврток, 08.08.2024 година, имаше вкупно 46…
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…