ЦУК: Граѓаните денеска ќе добијат тест-СМС порака

t

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби, извести ЦУК.

„Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други вонредни ситуации.

Воспоставувањето на овој систем е национална потреба и воедно законска обврска согласно регулативите на Европската Унија, кои бараат сите земји да располагаат со механизам за масовно информирање и алармирање на граѓаните во услови на криза“, се вели во известувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Граѓаните денеска ќе добијат тест-СМС порака

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните…

24 години од масакрот кај Карпалак: Бранителите…

Осми Август е еден од најмрачните денови…

Старица платила 20.000 евра на лажна докторка…

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР…

Што им кажал генерал Апостолски на Бугарите…

На денешен ден, 7 август 1987 година,…

Меџити за навивачките инциденти ги искара судиите:…

Судството кога треба не дејствува, а кога…