ЦУК: Евакуирана 180 луѓе во Кичево, поплавени дворови, подруми и куќи во скопскиот и гостиварскиот регион

t

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на ноќта и претпладневните часови предизвикаа поплави и излевање на реки во повеќе региони, при што во Кичево беа евакуирани околу 180 лица, информира Центарот за управување со кризи.

Во кичевскиот регион, Зајашка Река се излеала на улицата „Прилепска“, при што биле зафатени повеќе куќи. Евакуираните жители се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош, каде се поплавени подрумски простории во повеќе објекти, како и дел од објектите на болницата во Кичево. На терен интервенираат екипи на ОВР Кичево, ЈП „Комуналец“ и други надлежни служби, а известени се градоначалникот на Општина Кичево и Дирекцијата за заштита и спасување. Организирана е достава на храна и вода за евакуираните со помош на Црвениот крст, додека од Скопје се испратени дополнителни тимови со ќебиња, душеци и кревети. Засега нема животно загрозени лица, но врнежите продолжуваат и состојбата внимателно се следи.

Во скопскиот регион, преку бројот 112 се примени повеќе пријави за поплавени дворни места во село Идризово, поплавувања во село Буковиќ, поплавен подрум и двор во Зелениково, како и поплавено дворно место во населбата Радишани. Надлежните општини извршиле увид и преземаат мерки за санирање на последиците.

Во тетовскиот регион е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Џермо, поради што сообраќајот е во прекин. Од 07:45 часот е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег. Засега нема зголемување на водостојот на реките, а снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење е редовно.

Во гостиварскиот регион се пријавени поплавени куќи во село Беловиште, како и во населбите Циглана и Бањечница. Во село Балиндол е затрупан канал, при што се поплавени неколку куќи. Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка, по што веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица и полицијата. Поплавите се последица на излевање на Сушичка Река и затрупани канали, а најавено е ангажирање механизација за расчистување на теренот. Локалните власти и Дирекцијата за заштита и спасување ја следат состојбата на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Евакуирана 180 луѓе во Кичево, поплавени…

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија…

Критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија…

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување…

ЦУК: Патните правци се проодни – во…

Од Центарот за управување со кириз (ЦУК),…

ЦУК: Поплави во Пелагонија и Југозападот, одрони…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Поплавени се повеќе земјоделски површини низ државата,…

ИНФОРМАЦИЈА за состојбата со обилните врнежи на…