ЦУК: Жителите на Куманово да не пијат вода од водоводот бидејќи е заматена и неисправна за пиење!
Утрово, денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на голем проблем за водоснабдување на градот Куманово.
Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување – на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информација од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата.
Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување кон граѓаните на Куманово.
Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…