ЦУК: Остварена средба меѓу директорот на ЦУК и највисоките претставници на Синдикатот на вработените во Центарот и СОБ

t

Денеска во Центарот за управување со кризи беше остварена средба меѓу директорот на ЦУК и највисоките претставници на Синдикатот на вработените во Центарот (СВЦУК) и од Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ). Конкретно беше остварена средба којашто е континуитет на повеќето такви средби на директорот Ангелов со претставниците на Синдикатот, претседателот на СОБ, Ристо Ајтов, претседателот на СВЦУК, Владимир Зафирковски и потпретседателот на СВЦУК, Илија Бојаровски, во насока на општите разговори за идниот конкретен колективен договор за вработените ЦУК, што би требало да се усклади и со неодамна донесениот Општ колективен договор за јавен сектор на ниво на држава.

Од страна на синдикалните претставници беше образложено гледиштето дека, иако е постигнато зголемување на платите за дел од дежурните вработени во ЦУК, како нешто прво такво во 18-годишното постоење на ЦУК, сепак е неодминливо е да се работи за да се оствари тоа зголемување на платата за 30% и за вработени во други делови на Центарот. За таквите дејства и активности што се во прилог на зголемување на правата и на платата на вработените во ЦУК, Синдикатот секогаш инсистира и истовремено дава поддршка, бидејчи тоа е дел и од општествениот напредок во поширока стратешка слика.

Притоа, на средбата, од двете страни беше изразено позитивно гледиште и меѓусебен респект во однос и на формалната, а и на суштинската соработка меѓу работодавачот, во случајот ЦУК, со Синдикатот на вработените во ЦУК (СВЦУК). Практично преку СВЦУК, како региоонална основна синдикална организација на СОБ соработката се остварува по вертикална линија и со Синдикатот на одбраната и безбедноста, а и со Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Инаку, да потсетиме, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, по 15 години организиран генерален штрајк во јавниот сектор, протести и по водење на тешки преговори, по пат на социјален дијалог, официјално го потпишаа новиот Општ колективен договор за јавен сектор.

На потпишувањето, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, истакна дека денес завршува еден процес кој трае три години, за жал трае 15 години односно тогаш беше потпишан последниот Општ колективен договор за вработените во јавниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува инфлацијата во Еврозоната

Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…

Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…

Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…