ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола
Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање“, кажа тој.
Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, во изјава за медимуите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени биле запалени гуми од возила.
Пламените јазици зафатија десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под…
Благодарение на брзиот и координиран ангажман на…
(Видео) Родителите до политичарите: Ќе горите во пеколот!
Жестока реакција на родителите од Кочани на…
(Видео) Пендаровски за Лајм ТВ – Нема…
Екс-председателот Стево Пендаровски во интервју за Лајм…
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Албанците со повик за бојкот на Кока-кола:…
Кока-Кола се соочува со жестоки критики во…