ЦУК: Реката Пчиња се излеа кај Пелинце, засега нема загрозени домови

t

Центарот за управување со кризи соопшти дека реката Пчиња се излеала од своето корито за околу 20 сантиметри на подрачјето на селото Пелинце – Старо Нагоричане, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и кај бања Стрновац. Според првичните информации, излевањето засега не зафаќа куќи или викендици.

Дополнително, кај Коински мост е забележано значително насобирање на дрвја, што го отежнува нормалниот проток на реката и може да предизвика дополнително зголемување на водостојот.

ЦУК информира дека за состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое треба да постапи согласно своите надлежности. Ситуацијата се следи континуирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Реката Пчиња се излеа кај Пелинце,…

Центарот за управување со кризи соопшти дека…

Спасени заглавени лица поради излевање на реката…

Поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ (Територијалната…

Свлечишта и одрони на патиштата – ЦУК…

Во текот на вечерните и утринските часови,…

ЦУК: Во Полошкиот регион поплавени се подвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови…

Гори дабова шума во Македонски Брод, а…

На ден 25.09.2025 година, до 12:00 часот,…