ЦУК: Три активни пожари на отворен простор – Трубарево „под контрола“
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12:00 часот на територија на цела држава. Од нив три активни пожари има во Гевгелија, на Кожуф кај село Петрово, во тетовското село Џепчиште и кај крушевското село Свето Митрани.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во село Трубарево, општина Гази Баба (електричен отпад), во скопското село Виниче, кај месноста викана Муратица (нискостеблеста шума) и во село Батинци, општина Студеничани (ниска вегетација и мешана шума).
Изгаснати се пожарите во општина Кочани – село Бали (депонија) и во општина Делчево – депонија Острец (запален отпад).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Три активни пожари на отворен простор…
Вкупно осум пожари на отворен простор се…
ЦУК: Во пожарот кај Батинци активирани сите…
Локализиран е пожарот во село Батинци, општина…
Пожарите во Трубарево и Морани изгаснати, Дрисла…
На ден 18/19.09.2025 година, до 07:00 часот,…
Воздухот во Трубарево не е загаден со…
Министерството информира дека просечните концентрации на ПМ10…
25 пожари на отворен простор – гори…
До седум часот, на територијата на Македонија…