Цуцуловски: Власта ја фали маргиналноста, маргиналци можат да даваат шовинистички изјави, останатите одговараат според закон!

t

“Игнорирањето” на дрските и шовинистички изјави на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од страна на власта, особено од премиерот Ковачевски кој одлучи да не коментира “маргинализирани ликови” го коментира професорот Љубомир Цуцуловски:

– ПОФАЛБА НА МАРГИНАЛНОСТA?

Досега мислев дека луѓето одговараат не според тоа дали се маргинални, туку според тоа дали ги газат/непочитуваат законите, нормите или прописите, тоа значи и чувствата на една држава, односно општество. Сега дознавам дека разгорувањето на шовинизам, нетрпеливост, омраза или отвореното манифестирање на големодржавнички претензии, вклучувајќи го и навредувањето на чувствата на цел еден народ, не значеле ништо, бидејќи доаѓале од маргинални луѓе. Барем така нè убедуваат.

Меѓутоа, ако е така, значи ли тоа дека ваквите, „маргинални“ суштества можат (и ќе можат!) да прават што ќе им се посека, за разлика од другите (немаргиналните) кои ќе мораат и законски да одговараат само затоа што не се маргинални? Ако е така, тогаш следи дека според оваа власт најдобро е да бидеш прогласен за маргинален и сè ќе ти биде дозволено. Ваква глорификација, но и одбрана/пофалба на „маргиналноста“/подлоста досега не сум чул, ниту кога било видел. – напиша Цуцуловски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историјата се повторува – еднаш како трагедија,…

НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е...? Зачудувачка е историјата на…