Цуцуловски: За трагедијата во Кочани исрагата мора да почне од неодговорноста на сегашната Влада и постепено да се оди наназад – во спротивност ќе се заташкаат вистинските виновници!

t

ОД ТРАГЕДИЈА ВО УШТЕ ПОГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА? Во последните три текста/постови, несметајќи го оној кој се однесуваше на трагедијата во Кочани, укажував (неслучајно!) дека во Србија веќе подолго време видливи се процеси кои можат да ја одведат кон граѓанска војна (нагласувам, г р а ѓ а н с к а, а не меѓуетничка војна) која лесно може да се прелее и во соседните држави. Тоа никому не му е во корист, особено не на Република Македонија, за која е јасно дека е повеќе територија, парче земја на која владеат несфатлив јавашлук и импровизација, отколку држава во вистинската смисла на овој збор. Во неа речиси сите витални државни функции, кои секоја држава би требало да ги има, згаснати се.

И тие што некако останале продолжуваат да се топат, преминувајќи во својот карикатурално-трагичен облик. Незјините раководства (од почетокот, па досега) само глумат државност, додека во стварноста е нешто сосема друго. Затоа, како никогаш досега, потребен е ум, свест за целината, како и свест за тоа како сето ова може да заврши, ако и понатаму се продолжи со уште подлабока општествена, што значи граѓанска поделба, која лесно може да заврши со нејзино целосно распаѓање. Затоа, најголема трагедија би било кога сегашната трагедија би се злоупотребила за создавање на уште поголема трагедија. Оттука, она што сега би требало да се стори, без каков било исклучок, е докрај да се расветлат сите с е г а ш н и околности, кои непосредно доведоа до трагедијата во Кочани – кој, на пример, со таква леснотија пуштал малолетници во објектот, кој им дозволил да им се точи алкохол, кој ги затворил очите пред очигледната диспропорција помеѓу просторниот капацитет на локалот и вистинскиот број на посетители, кој не ги презел неопходните заштитни мерки, кој…

Дури потоа може да се оди наназад – кој издавал лиценци за работа, кој го проектирал објектот и за каква употреба бил наменет, кој затварал очи пред сите пропусти сите овие години… Затоа, мора да се појде од с е г а ш н а т а неодговорност (нешто што најлесно може да се утврди) и постепено да се оди наназад, кон сета претходна неодговорност. Во спротивно, сè ќе заврши како претходно – со заташкување на сите вистински, прави виновници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Во САД одбележан Денот на независноста на…

Воената соработка на Вашингтон со Атина е…

(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…

Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…

Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…

Децата ми бараат сендвич, а јас немам…

Сторијата која следи е уште една од…