Цуцуловски за 27 април: Народот што се побуни се најде во затвор, тие што го предизвикаа тоа се на власт

t

Професорот Љубомир Цуцуловски во денешната епизода на Тешки муабети истакна дека македонскиот народ не може да се окарактеризира како народ кон не реагира, само реагирал многу пати и врз него биле применети репресивни мерки.

– Овој народ не молчеше, многупати излезе на улица. Последен пат масовно, ако сакате и насилно е 27 април 2017 година, влезот во Собранието, но какво е финалето?

Тие се најдоа во затвор како терористи, а оние кои го предизвикаа тоа тие сега се на власт. Она што се случи не може да биде последица на народот. Македонските граѓани реагираа, но беа запрени со репресивни мерки. Не се согласувам дека сме мирен народ, не велам дека сме агресивни но држиме до својот став.

Да не заборавиме дека Франција е милионска држава, ако земете колку излегле на улица, што се 100.000 за милионски град како Париз? Треба да бидеме внимателни кога ги оценуваме тие нешта. – вели Цуцуловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор

Од затворот Штип вчера било пријавено дека…

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…

(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…

Возило на командир во битолскиот затвор било…

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…