Цуцуловски открива нова замка: Дали следува вметнување на бугарскиот јазик во Уставот на РМ?!
Според универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски промената на Уставот на Република Македонија е се’ поизвесна, но професорот поставува друга дилема поврзана со бришењето на процентите за употреба на албанскиот јазик.
Доколку албанскиот јазик може да се вметне во Уставот без разлика на процентот на албанско население во Македонија, зошто тоа не би можело да се примени и на бугарскиот јазик? – прашува Цуцуловски.
– СЀ ПОИЗВЕСНО е дека Уставот ќе се менува. Прво, за да се зацврсти двојазичноста во Државата, така што службената употреба на албанскиот јазик нема да биде поврзана/условена со одреден процент. Второ, за таа „услуга“ албанските партии ќе овозможат друга промена – влегување на т.н. бугарско малцинство во Уставот.
Наредниот чекор би м о ж е л да биде во следново. Ако албанскиот јазик може да се вметне во Уставот, независно од бројноста на етничката заедница, зошто тоа не би се применило и со бугарската заедница и јазик? Нелогично и неприлично? Се согласувам! Меѓутоа, таква е (за жал) логиката на повеќето македонски партии. Наедно, тоа би било прилог повеќе во демонтирањето на Македонската Држава, пат по кој одамна се оди, напиша Цуцуловски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…