Цуцуловски: Протекторат и колапс, Македонија станува бугарски протекторат
ПРОТЕКТОРАТ И КОЛАПС
Ако е речеси извесно, барем според информациите кои се достапни на јавноста, дека во залог се дадени потеклото на македонскиот народ, неговата историја и јазик, сега почнаа да се чувствуваат нови и речиси нескриени тенденции.
Една од нив е преобразување на Република Македонија во протекторат. Поточно, во бугарски протекторат. На ова упатува, повторно според нецелосните информации, правото на бугарската држава да следи, меѓутоа и да гони/санкционира говор на омраза, ако спред неа такво нешто се појавило/манифестирало во Република Македонија.
Настрана го оставам прашањето што е говор на омраза, кој може да оцени дали нешто навистина претставува говор на омраза и дали тоа не е повторно воведување на вербален деликт и забрана на слободно мислење. Битно е дека оваа тенденција сè повеќе се чувствува, дури и на практичен, конкретен, поединечен план.
Ако кон ова се додаде, повторно според нецелосните/, односно криените информации, идејата содржината на македонските учебниците да биде под строга контрола на друга, туѓа држава (Бугарија), тогаш сè поизвсно станува дека Македонија неповратно се преобразува во бугарски протекторат, под директен надзор/патронат на ЕУ.
Историјата, за жал, навистина се повторува, меѓутоа не во онаа форма на која упатуваше уште Хегел (еднаш како трагедија; вторпат, како фарса) туку како сè поголемо и поголемо ширење и продлабочување на трагедијата, која нема да биде само локална, ниту само национална, туку о п ш т о ч о в е ч к а. Повторно на ред доаѓаат маските, ковидот, нови болести, како и нагласеното предупредување дека на човештвото му престојат глад, болести, како и недостиг на стока и енергенси од секаков вид.
* Фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историјата се повторува – еднаш како трагедија,…
НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е...? Зачудувачка е историјата на…