Цуцуловски: Светот не знае каде оди, ниту знае дека не знае каде оди, и ние не знаеме каде одиме
ВО ЧЕКОР.
Светот е пред енергетска криза, која лесно може да премине во економски колапс. И ние сме пред енергетска криза, која лесно може да премине во економски колапс. Светот нема точен, ниту единствен план за излез од кризата.
И ние немаме точен, ниту единствен план за излез од кризата.
Светот сѐ повеќе тоне во морална и корупциска криза. И ние сѐ повеќе тонеме во морална и корупциска криза.
Во светот со децении кружат и владеат исти политички елити. Ако и дојде до нивна промена, таа не е предзвикана оддолу, од народот, туку една елита е заменета од друга поагресивна елита. Притоа, елитите немаат вредносно позитивен предзнак. Тоа ме потсетува на теоријата на италијанскиот социолог Вилфредо Парето.
И кај нас со децении кружат и владеат исти политички елити. Ако и дојде до нивна промена, таа не е предзвикана оддолу, од народот, туку една елита е заменета од друга поагресивна елита. Притоа, елитите немаат вредносно позитивен предзнак. Тоа ме потсетува на теоријата на италијанскиот социолог Вилфредо Парето.
Светот не знае каде оди, ниту знае дека не знае каде оди. И ние не знаеме каде одиме, ниту знаме дека не знаеме каде одиме. Кој тоа таму вели дека не сме во чекор со светот? Ние сме par excellence во чекор со светот.
* Фејсбук статус на Професор Љубомир Цуцуловски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историјата се повторува – еднаш како трагедија,…
НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е...? Зачудувачка е историјата на…