Цуцуловски се подбива со власта: Да го именувам Александар како Македонски или Северномакедонски?! Ако не дај Боже згрешам ги затварам сите наши непатишта!

t

Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејсбук поставува “многу важно” прашање за кое, како шо вели тој, доколку го утне може да ги затвори сите наши патишта како држава.

– ПРAВНА ПОУКА. Како лојален поданик на власта, но и како совесен граѓанин, го молам Министерството за правда и неговиот прв човек кој се наоѓа на неговото чело, да ме поучат дали Александар можам да го именувам како Александар Македонски или само како Александар Северномакедонски, оти можам (не дај Боже!) во своето блажено незнаење да направам грешка, која би ги затворила сите наши патишта, вклучувајќи ги и сите наши непатишта. Чекајќи инструкции, однапред благодарен XY53KKOKKLY. – напиша Цуцуловски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историјата се повторува – еднаш како трагедија,…

НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е...? Зачудувачка е историјата на…