Објавено на:

Чавушоглу вели: Украинските мини во Црно Море се најголемата пречка за транспорт на жито од Одеса

t

Во интервју за новинската агенција Анадолија, Чавушоглу потврди дека „мините што ги постави Украина во областа Одеса се една од пречките за безбеден транспорт на жито“, пренесува ТАСС.

– Друга причина се санкциите за руските бродови – нивнaта безбедност, како и неможноста да бидат опслужени во меѓународните пристаништа – рече тој и посочи дека меѓу Москва и Киев во овој контекст има сериозни нерешени проблеми.

– Украина не сака руски бродови да влезат во Одеса, додека Русија не сака други бродови да го користат овој коридор за испорака на оружје за Украина. И двете страни бараат доверба и гаранции – рече Чавушоглу и потсети дека Украина ветила дека ќе го исчисти морето од мини за „една или две недели“ за испораката повторно да биде безбедна.
Министерот за надворешни работи на Турција посочи дека е неопходно да се создаде механизам меѓу Русија и Украина за да се реши овој проблем.

Анкара предлага тој механизам да се воспостави во рамките на ОН и е подготвена да учествува во него. Турција, исто така, откажа серија воени вежби на НАТО поради одредбите на Конвенцијата од Монтре за забрана на воени бродови во Црното Море.

Чавушоглу изјави дека Турција претендира да биде посредник меѓу Русија и Украина и затоа нема намера да се приклучи кон санкциите против Русија, пренесува весникот „Известија“, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дендиас и Чавушоглу со неформален разговор го…

Грчките и турските министри го „кршат мразот“…

Чавушоглу: Украинскиот извоз по морскиот коридор е…

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу…

Чавушоглу вели: Украинските мини во Црно Море…

Во интервју за новинската агенција Анадолија, Чавушоглу…