Чавушоглу ги повика руските олигарси да инвестираат во Турција: Сите сте добредојдени
Руските олигарси се добредојдени во Турција, но тие мора да го почитуваат меѓународното право доколку сакаат да работат, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чуавушоглу.
Турција ја критикуваше операцијата на Русија во Украина, но се противи на санкциите наметнати од сојузниците на НАТО.
„Ако руските олигарси или било кој руски граѓанин сакаат да ја посетат Турција, се разбира дека можат да го сторат тоа. Олигарсите можат да отворат бизнис во Турција, само ако се е легално и тогаш можеме да разговараме во таа насока. „Ако тоа е спротивно на меѓународното право, тогаш тоа е друга приказна“, рече Чавушоглу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…
Размена на тешко ранети војници и можна…
На денешната средба помеѓу руската и украинската…