Чарлс Трети е 60% побогат од неговата мајка, покажуваат последните преметки
Личното богатство на британскиот крал Чарлс III изнесува 600 милиони фунти (745 милиони долари), што го прави повеќе од 60% побогат од неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, според проценката на Сандеј Тајмс. Минатата година, весникот го пресмета личното богатство на кралицата на 370 милиони фунти (459 милиони долари).
Дел од приходот на Чарлс доаѓа од управувањето со Војводството Корнвол, кралски имот кој вклучува 130.000 хектари земја, 260 фарми и имоти низ Англија и Велс, како што е теренот за крикет во Јужен Лондон. Војводството традиционално го води најстариот син на владејачкиот монарх.
Помеѓу 2011 и 2022 година, Чарлс наводно го зголемил годишниот профит на војводството за 42,6% со продажба на разни стоки, како што се бисквити и пиво, како и изнајмување комерцијални имоти. Кралот добил 212,7 милиони фунти (262,1 милиони долари) само од војводството помеѓу 2012 и 2022 година, според The Sunday Times.
Во извештајот се наведува дека поранешниот советник на Чарлс, кој одлучил да остане анонимен, рекол дека кралското семејство „станало претпазливо кога одвојува пари од војводството“ по неговиот договор за развод од 17 милиони фунти (21 милион долари) со Дијана, принцезата од Велс, во 1996 година.
Чарлс го презеде тронот откако неговата мајка почина во септември 2022 година на 96-годишна возраст. Таа владееше повеќе од 70 години, повеќе од кој било монарх во британската историја.