Чарлс Трети и Камила ќе бидат крунисани следната година
Церемонијата на крунисувањето на Чарлс Трети ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Вестминстерската опатија, пишува Bloomberg, повикувајќи се на извори во британската влада.
Како што е наведено, до јуни следната година, кралот ќе наполни 74 години и ќе стане најстариот крунисан монарх во британската историја.
Претходно беше објавено дека крунисувањето ќе биде поскромна верзија на претходните церемонии. Чарлс III ќе биде крунисан заедно со неговата сопруга, Камила.
Кралицата Елизабета Втора од Велика Британија, која владееше со земјата повеќе од 70 години, почина на 8 септември во Шкотска на 96-годишна возраст.