Чепреганов: Бугарите како да влегоа во “село без кучиња” – Ванчо Михајлов е бугаризиран Македонец, наследник на Тодор Александров
Јас би го нарекол тоа упад во систем. Организрана група на „ослободители“ влезе во Македонија за да ни покаже кои и што се. Името Ванчо Михајлов, тоа е човек кој не признава македонска нација и култура. Тоа беше на 16-ти април, само еден ден откако во 1941 бугарските војски влегоа и ја окупираа Македонија, што значи ништо не е случајот. Тоа беше акција на бугарскиот државен врв, за жал не за добрососедство, вели историчарот Тодор Чепреганов во емисијата „Само вистина“ за отворањето на бугарскиот клуб во Битола.
Според него, тоа беше илегално изведена акција на бугарските власти.
-Едноставно се добива впечаток дека тие влегоа како во село без кучиња, си се прошетаа низ Охрид и се вратија назад. Петков сака да покаже западна култура, но изгледа многу се посилни елементите кои влечат назад во бугарското општество. Според нив, Македонија е втора бугарска држава. Михајлов е многу јасен и чист, тој секогаш се борел за интересите на Бугарија. Тој е бугаризиран Македонец, кој што примил туѓо национално чувство. Тој кажува каков бил. Треба да имаме во предвид дека тој е наследник на Тодор Александров. Ученикот го прифатил тоа што го научил од ученикот. Зошто се кревале овде споменици на Александров? Тој зборува за обединување со бугарското племе, констатира Александров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чепреганов: Државата да одговори кој дозволил регистрација…
Државата не смее да се однесува како…