ЧЕПРЕГАНОВ ВО АНАЛИЗА НА Н. МАКЕДОНИЈА: Албанците и Бугарите работат за разнебитување и поделба на Македонија како во 1941-ва

t

Професори, историчари, експерти и дипломати забележуваат дека постои координација на релацијата Приштина – Скопје – Тирана и дека ништо не е случајно ниту во врска со „Заедница на албански општини“ во Македонија, се вели во анализата на весникот Нова Македонија.

Зад сè се препознава големоалбанската кауза, се додава во анализата под наслов „Ѝ намигнува ли некој дискретно на Софија?“

„Не стивнуваат реакциите кај македонската јавност, но и во соседството, по последното барање на сега опозициската партија Алтернатива да се формира заедница на албански општини во Македонија по урнекот на Заедницата на српски општини во Косово. Целата ситуација будно ја следи и официјална Софија, која сигурно нема да седи со скрстени раце ако дојде до реализација на ваквата идеја и затоа барањето за внесување на Бугарите во македонскиот устав не е нималку наивно, како што некој сака да го прикаже“, пишува во анализата.

– Нашиве заблудени политичари никако да сфатат дека историјата ни се повторува, само сега малку поинаку спакувана. Албанците и Бугарите работат заедно на разнебитување на Македонија, и тоа токму во границите како што била поделена за време на Втората светска војна, вели историчарот проф. д-р Тодор Чепреганов.

Изјавите на министерот за економија Крешник Бектеши во Тирана, пишува во анализата, дека тој не е македонски министер, лобирањето на шефот на дипломатијата Бујар Османи за признавање на Косово, зачестените „седенки“ на лидерите на албанските политички партии од земјава во Тирана јасно покажуваат што е нивен приоритет, а тој приоритет никако не се вика Македонија.

Но, се додава натаму, во време кога државата се соочува со отворен фронтален напад од соседна Бугарија, користењето на сопствената држава како алатка за решавање на проблемите во некои туѓи дворови може да донесе проблеми и во сопствениот двор.

Целата анализа може да ја прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП собрала рекордни 217 милиони евра од…

Управата за јавни приходи постави рекорд со…

Појадок за здрав црн дроб и силно…

Најдобро ќе забележите дека црниот дроб не…

Бајден: Ќе водам кампања за Камала Харис…

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека…

МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории,…

Од утре до среда, територијата на цела…

(Видео) Во Пехчево избувна нов пожар –…

Нов голем пожар денеска повторно избувна во…